Јавен повик за пријавување на групни маски за манифестацијата „СУСУРИГА 2025“

Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“со задоволство го најавуваат организирањето на  манифестацијата „СУСУРИГА 2025“, која ќе се одржи на 1 март (сабота) на Градскиот плоштад, со почеток во 18,00 часот.

Манифестацијата годинава се организира по вторпат, со цел заживување на старата градска традиција на маскирање и палење на оган по повод празникот ПРОЧКА, позната како  СУСУРИГА, што како назив  се среќава единствено во  Крива Паланка.

За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирани лица над 14 години да земат учество и да пријават групни или маалски маски за претстојниот настан, во пријавата која е подолу на линкот.

Манифестацијата има за цел да создаде масовно и достојно заживување на овој уникатен обичај од нашата традиција, a сите кривопаланчани имаат можност активно да учествуваат во неа.

Покрај дефилето и ревијалниот настап под маски на пријавените групи, на манифестацијата ќе настапат и специјални гости од нашата држава и од соседството, кои се познати по ритуалното изведување на обичаи претставени со соодветни маски.

Истовремено, ќе биде извршено и ритуално палење на оган, како  и забава под маски и други обичаи својствени за кривопаланечката СУСУРИГА.

Пријавете се  и бидете дел од оваа уникатна традиција!

Пријава за манифестацијата:  ЛИНК

Големина на фонт
Контраст