Со цел да се подобрат условите за живот на бездомните кучиња и да се придонесе за хуманото решавање на оваа состојба во општината, Општина Крива Паланка успешно реализираше граѓанска иницијатива за поставување на куќички за бездомни кучиња на повеќе локации во градот. Средствата за реализација на оваа активност се обезбедени од буџетот на општината, како дел од континуираната посветеност на општината за заштита на животните и подобрување на нивната благосостојба.
Куќичките се поставени на стратегиски избрани места, каде што бездомните кучиња ќе имаат безбедно засолниште од временските непогоди. Оваа иницијатива не само што обезбедува подобри услови за животните, туку и ги поттикнува граѓаните на свест и грижа за животните во својата околина.
Општина Крива Паланка продолжува да биде “пријател на животните”, активно поддржувајќи креативни иницијативи и кои имаат за цел соодветна грижа кон животните, како и градење на хуман однос и одговорна локална заедница. Заедно со граѓаните, продолжуваме да работиме за подобро и посветено опкружување за сите, и за луѓето, и за животните.