Совет на Општина Крива Паланка на седницата одржана на ден 31.01.2025 година донесе Одлука бр.09-534/17 за доделување на еднократна парична помош на матуранти запишани во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка во учебната 2024/2025 година.
Еднократната парична помош е во износ од 3000 денари, а потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето кое заедно со потребните документи треба да се достави до архивата на Општина Крива Паланка или електронски преку апликацијата мЗаедница.