Теренските активности за партерно уредување на паркот кај зградите во анселба Бавчал’к започнаа, а според проектот од Развојната програма на Општина Крива Паланка за 2025 година, овој простор на површина од околу 1900 метри квадратни ќе добие нов и урбан нлик.
Градоначалникот, Сашко Митовски, ја посети локацијата на улицата „Херој Карпош“ и најави дека оваа локација ќе прерасне во место што ќе го врати стариот сјај на маалскиот живот за сите генерации.
– Драго ми што токму денес, кога се навршува 81 година од денот кога македонскиот херој Христијан Тодоровски – Карпош го положи животот за татковината, за жителите на улицата што го носи неговото име, најавуваме проект за ново, партерно, уредување на паркот на површина од околу 1900 метри квадратни. Уредувањето ќе опфати спортски содржини, реновирање на постојниот терен за мал фудбал со вештачка трева и изградба на ново баскет игралиште со тартан подлога. Двата терени ќе бидат оградени и уредени. Ќе се уреди нов детски парк со модерни реквизити за најмладите ,а целиот простор ќе биде хортикултурно уреден, со фонтана и пристапни патеки, изјави Митовски.
Рече дека во рамки на проектот ќе биде поставена и урбана опрема и ќе се засади зеленило.
-Со овој проект населбата ќе заживее, просторот ќе добие нова урбана слика и ќе прерасне во модерно, пријатно и безбедно и место каде со задоволство ќе уживаат сите генерации, додаде Митовски.
За овој проект се вложуваат буџетски средства од Развојната програма на општината во висина од 7.9 милиони денари со ДДВ.