Продолжуваат заложбите и напорите на Локалната власт на Крива Паланка во соработка со централната власт преку реализација на конкретни активности за востановување на навики односно воведување постојана пракса за спроведување на неминовна потреба и обврска од селекција на одредени видови на отпад кој се создава во, јавните установи, институциите, училиштата, градинките, претпријатијата , потоа отпадот кој се остава од посетителите во спортските сали, спортско рекреативните површини, детски игралишта и други отворени јавни површини.
За таа цел, надлежни служби од Општина Крива Паланка и Јавното комунално претпријатие Комуналец во текот на изминатата недела поставија и поделија 100 пластични канти со зафатнина од 120 литри од кои 50 броја за пластични шишиња и 50 броја за хартија и хартиена амбалажа од пакувања.
Законска обврска е на сите да ја чуваат животната средина
Локалната власт ќе продолжи и понатака да создава услови за граѓаните