Општина Крива Паланка започна со интензивна реализација на проектот за реконструкција на левиот крак на улицата „Никола Тесла”, во должина од 86 метри, како една од приоритетните активности за потребите на граѓаните од овој реон, зошто тие буквално газеа по кал и земјена подлога се до сега.
Проектот за реконструкција на ул. Никола Тесла, е дел од развојната програма на општината, во рамките на која се инвестираат 900.000 денари за значајни подобрувања на локалната инфраструктура.
Во рамки на реконструкцијата се извршуваат следните работи:
- Проширување и нивелација на патот за да се обезбеди подобра проодност.
- Тампонирање и поставување рабници за да се создаде стабилна основа за новиот асфалтен слој.
- Вградување комплетно нов асфалтен слој, со што ги елиминираме досегашните проблеми на населението од овој реон и овозможуваме нови, безбедни услови за сообраќај и движење.
На потегот каде што досега се соочувавме со кал и прашина, ќе бидат вградени 390 квадрати нов асфалт, што значително ќе го подобри квалитетот на живот за жителите и ќе го унапреди движењето о сообраќајот во овој дел на општината.
Нашата цел е да ја подобриме инфраструктурата и да одговориме на потребите на нашите сограѓани. Со овој проект, продолжуваме со нашата стратегија за унапредување на условите за живеење и за безбедноста во сообраќајот и движењето.
Општина Крива Паланка – сервис на граѓаните!