Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 50-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 24.02.2025 година (понеделник ) во 10,00 часот.
Д н е в е н р е д:
Усвојување на записник од 49 –та седница на совет
1. Предлог-Одлука за усвојување на финансиски план на ЈП Комуналец Крива Паланка за 2025 година;
2. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по програмата за еднакви можности на жените и мажите за 2024 година на Општина Крива Паланка ;
3. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за млади наОпштина Крива Паланка во 2024 година;
4. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности на Локален младински совет на Општина Крива Паланка за 2024 година;
5. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за образование за 2024 година;
6. Предлог –Одлука за усвојување на Извeштај за реализирани активности по Програмата на Општина Крива Паланка во областа на спорт за 2024 година ;
7. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2024 година;
8. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2025 година;
9. Предлог –Одлука за давање согласност на социјален план 2025 -2031 за територија на Општина Крива Паланка ;
10. Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализирани активностите на Општина Крива Паланка во областа на ИКТ во 2024 година;
11. Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за реализирани активности по Програмата за култура за 2024 година;
12. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за уредување на градежно земјиште за 2024 година за Општина Крива Паланка;
13. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување за 2024 година за Општина Крива Паланка;
14. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локална патна мрежа за 2024 година за Општина Крива Паланка;
15. Предлог -Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програма за изградба,реконструкција и одржување на локална водоводна и канализациона мрежа во Општина Крива Паланка за 2024 година ;
16. Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта на Општина Крива Паланка за 2023/2024 година;
17. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за јавна чистота во Крива Паланка за 2024 година ;
18. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за подигање и одржување на урбано зеленило во Крива Паланка за 2024 година ;
19. Предлог-Одлука за давање на приоритет за реализација на проекти ;
20. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2024 година;
21. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за превентивна дезинсекција и дератизација во Општина Крива Паланка за 2024 година ;
22. Предлог-Програма за превентивна дезинсекција и дератизација во Општина Крива Паланка за 2025 година ;
23. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реалирани активности по Програма за уредување на сообраќајна сигнализација за 2024 на подрачјето на Општина Крива Паланка;
24. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Крива Паланка за 2024 година ;
25. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за животна средина на Општина Крива Паланка за 2024 година;
26. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Крива Паланка за 2025 година;
27. Предлог-Одлука за усвојување на извештај по програмата за активности на Општина Крива Паланка за стручно усовршување на вработените и тим билдинг за 2024 година ;
28. Предлог-Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за работа на ЛУ Градски музеј за 2024 година;
29. Предлог- Одлука за усвојување на Извештај за реализирани активности по Програмата за локален економски развој за 2024 година
30. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајат за реализирани активности по програмата на Општина Крива Паланка од областа на соработка со здруженија на граѓани и фондации во 2024 година
31. Предлог-Одлука за усвојување Извештајат за рабтата на ТППЕ при Општина Крива паланка за 2024 година
32. Предлог-Програма за активностите на Општина Крива Паланка за ревитализација по елиминирање на кризи во областа за заштита и спасување во 2025 година
33. Предлог Одлука за давање согласност на измената на годишниот план за вработување за 2025 година на Општина Крива Паланка ;
34. Предлог –Одлука за давање согласност на измента на годишниот план за вработување за 2025 година на ООУ Св.Јоаким Крчовски Крива Паланка ;
35. Предлог –Одлука за давање согласност на измента на годишниот план за вработување за 2025 година на ООУ Илинден Крива Паланка;
36. Предлог-Одлука за усвојување на Одлуката за утврдување на Предлог за воспоставување намеѓуопштинска соработка помеѓу Општина Пробиштип и Општина Крива Паланка
37. Предлог – Одлука за формирање на заедничка комисија
38. Предлог-Решение за именување на членови во заедничката комисија за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Пробиштип и Општина Крива Паланка
39. Предлог-Одлука за давање на согласност за склучување на Анекс на Договор за закуп на деловен простор – Агенција за храна и ветеринарство
40. Предлог-Одлука за давање на согласност за склучување на Анекс на Договор за закуп на деловен простор – Државен инспекторат за земјоделство
41. Предлог-Одлука за давање на согласност за склучување на Анекс на Договор за закуп на деловен простор – Државен инспекторат за труд
42. Предлог-Решение за разрешување член на Училишен одбор на СОУ –„Ѓорче Петров“ – Крива Паланка ;
43. Предлог-Решение за именување на член на Училишен одбор на СОУ –„Ѓорче Петров“ – Крива Паланка ;
44. Предлог-Решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ –„Илинден“ – Крива Паланка ;
45. Предлог-Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ –„Илинден “ – Крива Паланка ;
46. Предлог-Решение за именување на В.Д Членови на Управниот одбор на ЈП„Калин Камен„ Крива Паланка
47. Предлог-Одлука за доделување на финансиска помош за лекување на Дејви Ивановски ;
48. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт верзија за Детален Урбанистички План за дел од блок И-13 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка со плански период од 2024-2029;
49. Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р.