Награда земјоделец/ка во Општина Крива Паланка

ПРАВИЛНИК ЗА УРЕДУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА ЗЕМЈОДЕЛЕЦ-КА ВО ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

НАГРАДЕНИ

ЗЕМЈОДЕЛЕЦ/КА ЗА 2024 ГОДИНА ВО ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Во 2024 година на Јавниот повик за доделување на награда „Земјоделец /ка  за 2024 година во Општина Крива Паланка “ беа подесени пријави од тројца земјоделци. Од страна на Комисијата формирана од Градоначалникот беше извршен избор и со Одлука за додлелување на награда на земјоделец /ка  за 2024 година во Општина Крива Паланка  со број  21-5915/8 од 24.12.2024 година, за најуспешен земјоделец/ка за 2024 година беше прогласен   Ванчо Велковски  со место на живеење во  село Жидилово.

ЗЕМЈОДЕЛЕЦ/КА ЗА 2023 ГОДИНА ВО ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Во  2023 година со  Програмата за локален економски развој на Општина Крива Паланка за прв пат беше воведена награда за земјоделец/ка на годината. Од вкупно  поднесени седум пријави  на Јавниот повик  за доделување на награда „Земјоделец/ка за 223 година  ,од страна на Комисијата формирана од Градоначалникот беше извршен избор и со Одлука за додлелување на награда на земјоделец /ка  за 2023 година во Општина Крива Паланка  со број  21-5391/11 од 06.12.2023 година,  за најуспешен земјоделец/ка за 2023 година  беше прогласена  Габриела Стојановска  со место на живеење во  село Мала Црцорија.

Големина на фонт
Контраст