Јавен повик за изнајмување на продажен штанд на претходно утврдени локации и поставени монтажно – демонтажни објекти

Општина Крива Паланка ги известува сите правни и физички лица кои се заинтересирани за изнајмување на монтажно – демонтажни објекти на претходно утврдени локации поставени од страна на Општина Крива Паланка и тоа на локација кај Спортски комплекс“,  локација VII под број 1 и 2 од Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Крива Паланка за временски периодот од 01.04.2025 година до 31.12.2025 година, дека можат да поднесат Барање до Општината за одобрување на некоја од дефинираните локации во период од 24.03.2025 година до 28.03.2025 година.

Сите заинтересирани правни и физички лица, потребно е да поднесат Барање до Одделение за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка, по што ќе биде одреден временскиот период на изнајмување на штандот/монтажно –демонтажниот објект, по претходно платена административна такса за поднесување на барањето, како и утврдена и платена комунална такса за користење на јавни површини и надоместок за закуп на јавен простор/објект. Корисникот на продажен штанд / монтажно –демонтажниот објект има обврска да ги плати режиските трошоци за електрична енергија за нормално функционирање на објектот, на начин кој ќе биде утврден во договорот за утврдување на условите за изнајмување и користење на продажен штанд, кој ќе биде склучен помеѓу општината и корисникот. Доколку барањето се поднесува за изнајмување на продажен штанд за храна, во тој случај е потребно да се има во предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува согласно на истиот.

 

Барателите можат да изнајмат продажен штанд/монтажно демонтажен објект за продажба на:

  1. Храна
  2. Кафе и пијалоци

Поставените монтажно – демонтажни објекти, кои ќе бидат изнајмени од страна на правни и физички лица, ќе имаат можност да бидат со работно време од 10:00 до 22:00 часот, секој ден, во временскиот период од 01.04.2025година до 31.12.2025 година.

Одредувањето на локацијата со продажен штанд ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

 

                                                                                       ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
     Одделение за урбанизам и
  заштита на животната средина

Големина на фонт
Контраст