Трета година по ред, Општина Крива Паланка обезбедува бесплатен термин за користење на терените од спортската сала „Бранители“ и тенискиот терен, во рамки на Програмата за млади на возраст од 15-29 години за 2025 г.
Беспалтниот термин ќе биде во секој петок и сабота со почеток од 16:00 часот, а со времетраење од 60 мин.
Заинтересираните млади може да се пријават електронски на следниот ЛИНК.
Секој четврток пријавените ќе бидат контактарани за потврдување на нивниот термин, дали нивното барање е одобрено. Корисниците ќе се избираат по принципот, кој прв ќе закаже за тековната недела. Истиот принцип ќе важи за секоја наредна недела.
Во случај на повеќе пријавени за истиот термин и објект, предност ќе има лицето кое не ги користело термините претходната недела.
Младите со себе треба да носат соодветни обувки, за да не се оштетува теренот, а лицето – барател со себе треба да носи документ за лична идентификација, во кој се гледа возраста и дека е жител на општина Крива Паланка.
Во случај на одржување на битен настан или спортски натпревар, термините ќе бидат откажани, а корисниците навремено известени.