Општина Крива Паланка официјално ја започна постапката за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на мини ски-центар со ски-лифтови на планинскиот локалитет Калин Камен. Со оваа иницијатива се поставуваат темелите за развој на нова туристичка дестинација во источниот дел на државата.
Овој чекор претставува дел од поширока стратегија за ревитализација и валоризација на Калин Камен, кој од запоставен предел се трансформира во атрактивна планинска зона за спорт, рекреација и туризам.
Во изминатите 3,5 години, Општината веќе реализираше значајни активности на терен:
• Завршени се две фази од алтернативниот пат од Бз Кошари до Калин Камен
• Обезбедена е проектна документација и финански средства за изградба на адреналински парк
• Изработена е проектна документација за водоводна линија Калин Камен – Варовиште – Кркља
• Обезбедена е техничка документација и поднесена апликација за реконструкција на патот од Јоаким Осоговски до Калин Камен
• Донесен е урбанистички план за хотелско сместување, со веќе издадени две дозволи за градба
• Урбанистичко-планска документација за типска викенд населба од 60 куќарки е во завршна фаза
• Донесена е урбанистичка планска документација за хотелски капацитети на локацијата Езерце, на површина од 27.000 м²
Визијата за Калин Камен е конкретна, остварлива и веќе започната. Општина Крива Паланка продолжува да работи со јасна стратегија, силна посветеност и искрена љубов кон својот крај.