Соопштение за привремена забрана за движење на сите видови на моторни возила на дел од улица Калин Камен КП 4609/1, Крива Паланка, на потегот од граница на улицата со КП 2355 (над улицата) и КП 2367 (под улицата) до спојот со ул 8-ми октомври

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (службен весник на РМ бр. 5/02), член 23 од Статутот на општина Крива Паланка  (службен гласник на општина Крива Паланка бр. 8/10, 8/14, 2/18 и 3/19), чл.51 од Законот за јавни патишта (службен весник на РМ бр. 84/08 и измените на истиот заклучно со 163/16), чл. 11 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Службен весник на РМ бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и Сл.весник на РСМ 98/19), Градоначалникот на Општина Крива Паланка, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

За привремена забрана за движење на сите видови на моторни возила на дел од улица Калин Камен КП 4609/1, Крива Паланка, на потегот од граница на улицата со КП 2355 (над улицата) и КП 2367 (под улицата) до спојот со ул 8-ми октомври, заради безбедносни причини и извршување на активности за санација/реконструкција на дел од улицата поради појава на свлечиште, почнувајки од 07.04.2025 год. па се до завршетокот на градежните активности.

Образложение:

Поради обилни врнежи е појавено свлечиште и одрони од нестабилни делови на постоечки потпорни зидови и од безбедносни причини на горенаведениот дел од улицата неопходно е да  биде затворен сообраќајот за сите видови моторни возила, освен за интервентни возила.

Се молат граѓаните да имаат разбирање за настанатата ситуација и да ја почитуваат забраната и да не ја одстрануваат или поместуваат поставената сообраќајна сигнализација за ограничување на движењето.

За горедонесеното решение ќе бидат известени Министерството за внатрешни работи, како и граѓаните преку средствата за јавно информирање.

Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст