Крива Паланка, градот со петте прекрасни мостови – Осички мост, Шанин мост, Љиљаков мост, Градечки мост и Соларски мост – сега блеска со нова енергија и стил. Овие мостови, кои го симболизираат спојот на минатото и сегашноста, се осветлени и обновени, додавајќи уште еден уникатен елемент во урбаниот изглед на градот.
Дополнително, ликот на Крива Паланка е збогатен и со нови уметнички акценти, меѓу кои се издвојува уникатниот мурал кој го краси градот. Муралот го претставува најголемиот бисер на Крива Паланка, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, како и препознатливиот и вкусен Кривопаланечки симит – симбол на автентичноста и традицијата на нашето поднебје.
Овие промени во урбаното уредување на Крива Паланка се одраз на посветеноста на локалната заедница за зачувување и унапредување на традицијата и културното наследство на градот.
Да го чуваме и сакаме нашиот град како сопствениот дом и со гордост, заедно да се радуваме на ова уникатно богатство.
Со срце за Крива Паланка!