Почитувани сограѓани,
Ве известуваме дека, Општина Крива Паланка започнува со реализација на проектот за поставување монтажно демонтажен објект – катна гаража, на локацијата кај градскиот пазар, а во насока на решавање на проблемот со просторно паркирање во централното градско подрачје во Крива Паланка.
Заради изведувањето на престојните градежни активности, пазарните тезги од градскиот пазар ќе бидат навремено дислоцирани, веднаш на паркингот пред пазарот.
Со дислокацијата на пазарните тезги ќе се започне ваднаш по Велигденските празници, поточно на 22.04.2025 г. и следниот пазарен ден сабота (26.04.2025г.) непречено ќе се одвива на локацијата на паркингот пред градскиот пазар.
Средсвата за реализација на проектот за поставување на катна гаража се обезбедени преку Владата на РС Македонија и Министерството за транспорт и врски од Програма АА-инфраструктурни проекти во општините.