Денес во Општина Крива Паланка се спроведе голема еколошка акција за собирање на текстилен отпад, насловена како „Твојата стара облека – нова шанса за природата“, во чии рамки беа организирани едукативни работилници за децата од градинката „Детелинка“ и учениците од ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, а со цел децата и учениците да се информираат и едуцираат за важноста на селекцијата и рециклирањето на отпадот, како и заштита на нашата животна средина.
Кампањата беше насочена токму кон најмладите, заради рано стекнување на добри навики, подигање на свеста, одговорното однесување кон животната средина, како и одговорно однесување кон отпадот што го генерираме.
За оваа цел, во општината на повеќе пунктови беа поставени специјализирани садови за текстил, каде што граѓаните можат да ги донесат своите стари облеки и текстилни производи.
Ова е прва ваква голема еколошка акција за собирање на текстилен отпад во Крива Паланка и е важен чекор во промоцијата на одговорното однесување кон животната средина и благодарение на активностите и на нашите најмлади, стануваме поодговорни во однос на отпадот што го генерираме, ја зголемуваме јавната свест за екологијата и се грижиме за заштита на природата и идните генерации.