Почитувани граѓани, сведоци сме на оставени неисправни возила , нерегистрирани возила , хаварисани возила на јавни површини , на паркинзи ,,на тротоари , на улици , покрај улици , на уредени и неуредени јавни површини и други простори , со што нефункционално се узурпираат паркиралишта, се попречува движењето на сообраќајот и движењето на пешаците, се нарушува естетскиот изглед на просторот итн.
Општина Крива Паланка потпиша Договор со ДУО Греен Роад Дооел од Скопје за подигање односно отстранување на хаварисани ( отпадни ) возила оставени на јавни уредени и неуредени површини односно во амбиенталниот простор на територијата на локалната самоуправа.
ОТПАДНО ВОЗИЛО – е возило чија што употребна функција престанала.
Инспекциска и увидна служба од МВР во изминатиот период во урбаното подрачје имаат мапирано 53 вакви возила чие што отстранување со содветна законска постапка ќе започне да се спроведува од 15 април 2025 година
Акцијата ќе ја реализираат Одделението за инспекциски надзор во заедничка соработка со МВР и извршителот за подигање на отпадни возила, а согласно на Законот за управување на посебни текови на отпад (Сл. Весник на РСМ бр.216 и 195/22) и член 63 од Закон за безбедност на сообраќајот како и согласно насоките и упатството од Министерството за животна средина.
Инспекциските служби и униформирани лица од МВР ќе лепат соодветни налепници со Известувања на возилата кои треба да бидат отстранети , во кои се дава рок од 10 (десет) дена за отстранување на возилото. Истовремено инспектор за животна средина/комунален инспектор ќе изготви Записник при што во прилог со писмено Известување до
сопственикот ќе бидат доставени на негова адреса.
По истекот на дадениот рок, доколку отпадното возило не е отстрането од страна на сопственикот, инспекциските служби ќе изготват Решение за опомена во времетраење од 5 (пет) дена до сопственикот на возилото, а доколку сопственикот на возилото не постапи по Решението до МВР се доставува известување за одјавување и отстранување на возилото.
По истекот на рокот од 5 (пет)дена, отпадното возило го превзема колективен постапувач кој го подига и го дислоцира отпадното возило до определено место за таква намена.
Исто времено за сопствениците на отпадните возила ќе се поведе инспекциска постапка со изрекување на казна – глоба во вредност од 250 евра според чл.67 од Закон за управување со дополнителни текови на отпад.
Општина Крива Паланка апелира сите граѓани кои се сопственици на вакви отпадни моторни возила, а истите се на јавна површина да ги дислоцираат/отстранат во најкус можен рок .