Манифестацијата „Велигденска традиција“ во с. Градец

Tрадиционално за време на Велигденските празници,Општина Крива Паланка во соработка со ЛУ Градски музеј е домаќин и организатор на манифестацијата „Велигденска традиција“.

Манифестацијата за прв пат годинава ќе се одржи во дворот на старото учиште во с.Градец на 20 април (недела) со почеток од 12.00 часот.

Во Програмата на оваа манифестација се предвидени и забавни игри за посетителите, како што се:
Барање на скриени јајца;
Носење на јајце во лажица;
Кршење на јајца и
Избор на најцврсто велигденско јајце.

Како дел од програмата предвидено е доделување на награди и признанија, делење на велигденски јајца и богата музичка програма.
Општина Крива Паланка и ЛУ „Градски музеј“ Ве покануваат да ја посетите манифестацијата „Велигденска традиција“ во с. Градец и да бидете дел од празничната свеченост со позитивната енергија и во духот на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Големина на фонт
Контраст