Акција за собирање на Кабаст отпад

Со цел да не се остава разновиден кабаст отпад покрај контејнери,  кој пак  од една страна неможе  и несмее  да  се собира во возилата за комунален отпад, а од друга страна  имајки  во предвид дека  овој отпад оставен  така на јавна површина претставува лоша и грда  слика  Јавното комунално претпријатие Комуналец од нашата општина ќе отпочне  со  организирање посебни акции  на месечно ниво  за собирање на ваков вид на отпад од домаќинствата.

Акции за собирање на кабаст отпад од домаќинствата во градското подрачје и приградските населби  ќе се спроведува два пати месечно  односно  секој  втори  и четврти  викенд во месецот.

Првата ваква акција  ќе се реализира  26  и  27  април 2025 година во временски период од 08 до 14 часот.

Оваа услуга е бесплатна за граѓаните!

Граѓаните кои имаат потреба  да се ослободат од својот  кабаст  отпад може да се пријават во Јавното комунално претпријатие  , секој работен ден  од 07 до 15 часот на следниов телефонски број  031 375 100  со цел да го договорат терминот  за собирање на  кабаст и друг сличен отпад од своето домаќинство кој   непотребно завзема простор во подрумите , гаражите и по дворовите ,а истиот  се остава покрај  контејнерите,  на тротоарите или се исфрла  во природата .

Ги известуваме граѓаните дека  во кабаст  отпад  припаѓа следново:
–  мебел, делови од мебел, кревети ,  фотељи, душеци, кујнски елементи,
– бела техника и – електронски уреди ( телевизори, флижидери, клими , вентилатори, греалици)
– санитарии, кади, туш кади , корнизи, мијалници, огледала, шољи, врати прозори,
– ролетни, тенди, радијатори, детски колички и големи детски играчки
– дрвена и пластична амбалажа
– теписи , теписони, черги и завеси , кебиња
– гуми , шоферсајбни,  и слично

Граѓаните имаат обврска  да се најават на наведениот број , и на службеното лице  да ја кажат  адресата , видот и количината на отпадот за предавање , со цел да бидат исконтактирани за времето на собирање на отпадот .

Граѓаните исто така имаат обврска почнувајки од 22 април 2025  година, повеќе  да не го оставаат наведениот кабаст отпад покрај контејнерите и на други јавни површини  во спротивном оние кои ќе бидат фатени ќе бидат  соодветно санкционирани од страна на инспекциските служби на општината.

Големина на фонт
Контраст