По повод големиот христијански празник – Воскресението Христово, упатуваме најсрдечни честитки и желби за добро здравје, духовен мир, семејна благосостојба и меѓусебна љубов.
Нека светлината на Велигден ги озари нашите мисли и постапки, водејќи нè по патот на добрината, солидарноста и заедништвото.
Воскресението Христово е симбол на победата на животот над смртта, на верата над сомнежот, и на надежта како вечна сила што нè обединува и охрабрува.
Нека празничните денови бидат исполнети со радост, благослов и искрено човекољубие.
Христос воскресе – навистина воскресе!
Со почит,
Општина Крива Паланка
Градоначалник, Сашко Митовски