Во рамки на Кривопаланечкото културно лето вчера започна десеттиот Меѓународен фолклорен фестивал Свети Јоаким Осоговски. Фестивалот започна со дефиле на учесниците, кои со своите колоритни носии и интересни кореографии го привлекоа вниманието на посетителитe.
[embpicasa id=”6051776753567317345″]
На ова фестивалско издание учествуваат фолклорни ансамбли од Романија, Србија, Црна Гора, Словачка, Бугарија и Македонија.
Организатор и покровител на фестивалот е Општина Крива Паланка со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура од Крива Паланка.