Почитувани сограѓани,
Општина Kрива Паланка беше единствената општина во источниот дел на Македонија која што немаше своја музејска установа која што ќе го собира, чува и презентира движното културно – историско наследство.
Согледувајќи ја оваа состојба Општина Крива Паланка и јас како градоначалник веднаш по моето доаѓање на чело на општината започнавме со формирање на музејките збирки кои што ќе бидат дел од локалната установа „Градски музеј“ – Крива Паланка.
За таа цел општина Крива Паланка и јас како градоначалник Ве повикувам заеднички да дадеме придонес во формирањето на музејските збирки.
Доколку во вашите стари куќи и подруми поседувате некој стар предмет од типот на народна носија, рачен алат, предмет од покуќнина, кој што веќе не го употребувате , или некој документ, слика, фотографија …..
…..предмет кој што сметате дека е стар и дека има некоја своја историја Ве молиме подарете го во збирките на нашиот кривопаланечки музеј.
Предметот ќе биде стручно документиран, при што ќе биде запишано името на подарувачот и местото од каде што е добиен.
Лица за контакт:
Драган Величковски –
Л.У Градски музеј – Крива Паланка (Дом на АРМ)
тел: 031 372 140
Лилјана Стојановска –
Општина Крива Паланка
тел: 031 372 130
Почитувани ,
да го формираме градскиот музеј и да го заштитиме и сочуваме нашето културно богатсво за идните генерации.
Искрено ваш
Арсенчо Алексовски
Градоначалник на Општина Крива Паланка