Општина Крива Паланка во текот на вчерашниот ден продолжи со асфалтирање на дел од улицата Лозановска – крaк 1. Асфалтиран беше крак од улицата со должина од 135 метри и ширина од 3,5 метри. Асфалтиарњето ќе продолжува и во текот на наредните денови и на третиот крак од истоимената улица. Паралелно на други локации се врши сечење на асфалтните површини за санација на ударните дупки. Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.
[embpicasa id=”6176468561950367169″]
Градежните активности за асфалтирање и тековното одржување на улиците продолжуваат во наредниот период согласно предвидената динамика и временските услови и на други локации во градот.