Црква Свети Димитрие

Црквата Св.Димитрие во Крива Паланка е изградена 1833 година, на што укажува натписот над влезната западна врата од надворешната страна. По својата архитектонска концепција таа претставува трикорабна базилика со отворен трем на запад и северозапад и ниска полукружна апсида на исток. На јужната страна во 1935 година е издигната камбанаријата. Она што е особено карактеристично за овој храм е внатрешната организација на просторот . Имено, на западниот дел е издигната галерија на кат, чија концепција, во форма на буквата П, и украсеност на емпоријата повеќе потсетува на декоративните ентериери на богатите градски куќи од XVIII и XIX век, особено присутни во Костурско. Живописот во наосот (олтарот не е живописан) е изведен во 1887 година. Иконостасната конструкција е богато декорирана со флорални мотиви (најмногу-на парапетните плочи) и пејсажи (на правоаголните полиња од лунетите над престолните икони). На неа се поставени три реда икони кои се работени во втората половина на XIX век (во долниот дел на царските двери стои година 1887). Царските двери, чие горно хоризонтално поле е изведено во длабока резба, и Крстот-распетието се позлатени. Живописот на западната фасада, ликовите на арх. Гаврил и арх. Михаил, на јужната односно северната страна, се дело на зографот Димитар Андонов Папардишки. Евидентирани се околу 104 икони.

[embpicasa id=”6250028116975949777″]

Црква Свети Димитрие
Крива Паланка
Крива Паланка Macedonia (FYROM)
Големина на фонт
Контраст