Ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“

Ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“ се одржува секоја година од 5 до 20 септември, почнувајќи од 5 септември 1987 година. Подршката што ја доби оваа ликовна манифестација од Неговото Високо Преосвештенство митрополитот полошко-кумановски, Господин Кирил, значеше отварање на портите на манастирот Св. Јоаким Осоговски за уметноста и за неистражените форми на духот. Почетокот беше означен како возобновување на осум века старата традиција на манастирот како културен, едукативен и духовен центар.

Од 1993 година колонијата се здоби со интернационален статус со што се овозможи пулсирање на различни култури и традиции, на различни уметнички пристапи и стилски ракописи.

[embpicasa id=”6251433935664693713″]

Ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“
с.Варовиште
Крива Паланка Macedonia (FYROM)
Големина на фонт
Контраст