На 12.03.2016 година со почеток во 18.00 часот во кабинетот на Градоначалникот на Општина Крива Паланка се одржа состанок во врска со очекуваните обилни врнежи од дожд.
На состанокот присуствуваа градоначалник на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, претседател на Совет Борче Стојчевски, вработени во Општина Крива Паланка, Игор Додевски, Никола Граматиков, Бранко Велиновски, Стевче Христовски, командир на ТППЕ Крива Паланка Иле Коцевски, претставник на ЈП Комуналец Дејан Митровски, раководител на Центар за управување со кризи Стојадин Гоговски, раководител на Дирекција за заштита и спасување Зоки Павловски, директор на ОУ Илинден Оливер Дејановски, директор на СОУ Ѓорче Петров Миле Милковски, раководител на ЈП Македонија пат Игор Тодоровски, претставник на Министерството за внатрешни работи Драган Бојковски, директор на Здравствен дом Димитар Арсов – Јоско Стефановски.
По дискусијата од страна на Градоначалникот и согледување на состојбата во врска со најавените обилни врнежи од дожд кои можат да ја зафатат територијата на Општина Крива Паланка се донесоа следните заклучоци:
– Да се продолжи со санација на одрони и свлекување на земјен материјал на локални улици и патишта особено накај манастирот Св. Јоаким Осоговски и локален пат Крива Паланка – с. Станци, да се изврши канализирање на вода во с.Кошари, како и да се преземат соодветни активности на локации на кои ќе се јави потреба.
– Да се воведе 24 часовно дежурство и приправност.
– Состојбата на терен да се следи постојано и институциите меѓусебно да пренесуваат информации за соодветен одговор.
– Да се изврши координација со сите институции, Општина Крива Паланка, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, ЈП Комуналец, ЈП Македонија, пат кои можат да интервенираат по потреба.
– Да се известат сите правни лица – фирми кои поседуваат механизација и со кои се склучени договори за приправност во случај на потреба за интервенција.
– Во случај на потреба сместувањето на лица да биде извршено во ОУД Боро Менков, училиштата и подрачни училишта “Илинден“ и “Јоаким Крчовски“ и СОУ “Ѓорче Петров“.
– Здравствениот дом да преземе соодветни активности како одговор на можни здравствени последици за луѓето од обилните врнежи од дожд.
Записник од состанокот во врска со очекувани обилни врнежи од дожд