Проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан”, во средата (23.03.2016) со почеток во 17.00 часот, беа презентирани во просториите на општина Крива Паланка. Голем број млади од општината покажаа интерес за проектот кој им нуди можност со субвенции од Владата да основаат сопствен дом.
По тој повод градоначалникот на општина Крива Паланка г-дин Арсенчо Алексовски даде изјава со линковско вклучивање за националната телевизија ТВ Нова.