Во сабота (09.04.2016 година), Карате клубот „Шампион“ од Крива Паланка настапи на Државното првенство за деца од 11-14 години кое се одржа во Скопје. Клубот настапи со 5 свои натпреварувачи кои настапија поединечно во кати и борби. Вкупно беа освоени четири медали од кои 2 сребрени и 2 бронзени медали – сите во борби.
Така на претстојното Балканско првенство кое ќе се одржи во Репулика Србија настап во составот на државната репрезентација обезбедија четири натпреварувачи:
– Владимир Максимовски борби деца-машки родени 2005 год -45 кг.
– Сара Николовска борби деца-женски родени 2005 год -40 кг.
– Петар Алексовски борби деца-машки родени 2002 год -63 кг.
– Мартин Димитровски борби деца-машки родени 2002 год -70 кг.