Општина Крива Паланка во рамките на Програмата за изградба, реконструкција ,одржување и заштита на локална патна мрежа за 2016 година во Општина Крива Паланка , започна со градежни работи за санација на дел од улицата „Илинденска“. Се санира дел од улицата со должина од околу 185 метри и се очекува да бидат заменети околу 850 м2 оштетен асфалт.
Градежните активности околу санација на улиците во градот продолжува и во текот на наредните денови согласно предвидената динамика и временските услови.
Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.