Претставници од ООУ „Јоаким Крчовски“ во посета на Бидгошч во Полска

ООУ  „Јоаким Крчовски” од Крива Паланка почнувајќи од септември 2016 година е дел од Еразмус + проектот  „Мојата мала Европа”, финансиран од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност.  Овој проект со регистарски број : 2016-1-PL01-KA219-026498_6 ќе трае две години а во овој проект се вклучени училишта од Полска, Литванија, Шпанија, Португалија, и Бугарија .

Како дел од овој проект беше реализирана и првата посета на основното  училишта во Бидгошч во Полска на која присуствуваа  Тања Димитровска-Шкрбиќ, Жаклина Христовска и Лазо Ѓорѓиевски како претставници  од ООУ „Јоаким Крчовски”. Присуствуваа и претставници од сите партнерските училишта, се запознаа меѓусебно и се договорија за следните задачи и активности кои ќе треба да се реализираат како дел од проектот.

Училиштето домаќин имаше подготвено различни активности. Наставниците од партнерските училишта присуствуваа на часови во училиштето, разменија  различни искуства и се запознаа со различен начин на предавање. Присуствуваа и на Талент Шоу и дегустација на традиционална полска храна, организирано од наставниците и учениците од училиштето во соработка со родителите. Наставниците и учениците се покажаа како одлични домаќини.

Присуствуваа и на предавање на полски и англиски јазик за „Неврододактичкиот модел на иновативното образование”. Невродидактиката е составен дел од проектот и треба да се имплементира во секојдневната настава.  Невродидактиката беше претставена како начин за полесно совладување на наставните содржини.

Овој проект има за цел да ги потикне наставниците да бараат нови методи за да ги заинтересираат учениците да учат повеќе, а учениците ќе треба да научат многу нешта за партнерските училишта и нивните земји преку учество во активностите од проектот. 

img_1002-medium img_1001-medium img_0988-medium img_0987-medium img_0983-medium

 

 

 

Големина на фонт
Контраст