Црква Свети Никола во с.Градец

Црквата Св. Никола во  с. Градец  претставува релативно голема еднокорабна градба изградена во XIX век, со отворен трем на западната и делумно на јужната страна. На јужната страна, во продолжение на тремот, кон исток е доградена затворена трпезарија. Внатрешноста на црквата е со трикорабна диспозиција, постигната со столбови. Таваницата е рамна со слепи куполи, од кои три се во централниот кораб. Живописот е зачуван само во нишата на проскомидијата, каде што е насликана сцената ,,Симнување од крстот“ и на неа испишан опширен текст од службата на проксомидијата. Автор на живописот е Георги Јереј, а е изработен во 1876година. Во црквата е зачуван голем иконостас од дрво, со царски двери, со плитка резба и позлата. Според записот на иконата Св.Ѓорѓи, иконите на иконостасот, по се изгледа, се работени во 1869 година од Евгениј Кузмановиќ од Дебар. Евидентирани се 51 икона.

[embpicasa id=”6250030143695018289″]

Црква Свети Никола во с.Градец
с.Градец
Крива Паланка Macedonia
Големина на фонт
Контраст