Манастир Свети Јоаким Осоговски

Манастирот Св. Јоаким Осоговски се наоѓа на три километри источно од Крива Паланка и датира од XI век. Токму во овие тивки предели околу манастирот во тоа време живеел испосникот св. Јоаким Осоговски. Денес манастирот е отворен за верници, посетители, патници и добронамерници кои доаѓаат на поклонение пред чудотворните мошти на св. Јоаким, кои се чуваат во манастирот. Во него се наоѓаат две цркви, Рождество на Пресвета Богородица и Св. Јоаким, како и неколку конаци кои нудат услови за престој на гости. Во рамките на манастирот се наоѓа и ресторан со широка понуда на автентични јадења, а природата околу манастирот нуди неповторливи услови за прошетка.

[embpicasa id=”6250026624457466353″]

Манастир Свети Јоаким Осоговски
с.Варовиште
Крива Паланка Macedonia (FYROM)
Големина на фонт
Контраст