City Museum

LOCAL INSTITUTE "CITY MUSEUM"

Градскиот музеј е формиран во октомври 2006 годин, како локална установа од областа на културата. Музејот е сместен во поранешната  зградата „Дом на Арм“, во центарот на градот.

Зградата во која е сместен ЛУ Градски музеј – Крива Паланка датира од 1926/27 година и е еден од најстарите и најубавите објекти во градот. Музејот располага со околу 500м² внатрешен простор во кој се сместени изложбените сали, депоата, канцелариите, како  и помошни простории.

Комплексниот карактер на музејот се согледа во тематиката на студиската музеолошка обработка на културното наследство на кривопаланечкиот крај преку: етнологијата, археологијата, историјата, историја на уметност, нумизматиката и техничката култура, области на истражување во музејот.

Приказната наречена „Културно наследство на Кривопаланечко“  започнува со Етнолошката поставка поставена во 2011 г. и целосно реконструирана и реконцептирана во 2016/17/18 година. Етнолошката поставка се состои од селски(рурален) дел и староградски дел, кој го одсликува животот во градот крајот на 19 век и првата половина на 20 век.

Историската поставка како збирка е поставена уште во 2006 година, а денес е во фаза на реконструкција и реконцепција која се надеваме дека догледно време ќе  биде пуштена за посетители.

Археолошката поставка е поставена во март 2013 година во која со артефакти се претставени археолошките локалитети во Кривопаланечко. Во надлежност на музејот се следните археолошки локалитето од праисторија до средниот век: лок. Блидеж-с. Вржогрнци, лок.Мал Камлеш-с.Ранковци, лок.Могила-с.Отошница, лок. Градиште-с.Опила, Месност Чифлик, Чифличиште-с.Опила(населба од доцноантички период), Драки-с.Љубинци(некропола од доцноантички период) и Ровине-с.Псача(населба и некропола од доцноантички период).

Како дел од музејот е Градската уметничка галерија (20013г.) во која се организираат повремени тематски изложби.

Покрај изложбените простории во музејската зграда се наоѓаат и соодветно опремени депоа за чување на музејските предмети. Музејот располага со околу 3 000 музејски експонати најчесто прибавени со подарок на населението од Кривопаланечко, откуп и археолошки истражувања на горе наведените археолошки локалитети.

Во склоп на музејот работи Сувенирницата отворена во 2011 година, која располага со богат асортиман на артикли кои го отсликуваат културното наследство на нашиот град и на државата. Настојуваме сувенирите да бидат набавени од наши локални занаетчии и слободни уметници кои вложуваат многу љубов во нивните  рачни изработки.

Музејот исто така располага со Библиотека, која секоја година се обновува со нова стручна литература од областа на Етнологијата, Историјата, Археологијата и Историја на уметноста. Библиотеката е достапна за потребите од стручна литература на граѓаните.

Освен придружен печатен материјал за привремените изложби музејот издава и  стручни публикации, кои можат да се најдат во самата Сувенирница. Најбарани стручни изданија се: изданијата на  Славишки збирник 1, 2 и 3; По патот на легендите, Занаетите во Крива Паланка и Дупница; Традиционална архитектура на Крива Паланка и Кривопаланечко, Топонимијата во Кривопаланечко и др.

Изработени се околу 170 проектни апликации, аплицирани пред домашни и меѓународни фондации, организации, министерства и амбасади и 15 архитектонски и технички проекти. Музејот  е дел од мрежата на ИКОМ, ИКОМОС, МЕД, МАНД и Balkam Museum Network.

Музејот располага со четири (4)стрични лица: кустос-етнолог, кустос-историчар, документатор, историчар на уметноста, едно лице технички персонал и директор.

 

Работно време на музејот:
Понеделник до петок од 08 часот до 16 часот
Сабота  од 10 до 14 часот
Недела неработен ден (за посета: закажување по телефон)

Тел: 031 372 140 ; 076 337 467
Фб страна: ЛУ Градски Музеј Кр. Паланка и Gradski muzej-Kriva Palanka
Инстаграм: gradski_muzej_kriva_palanka

Font size
Contrast