Одржана јавна презентација на УНВНП – урбанистички план за вон населено место

Денес во опшптинската сала во Крива Паланка се оддржа јавна презентација на УНВНП – урбанистички план за вон населено место за уредување на четири градежни парцели за изградба на објекти за туристичка дејност.

Планскиот опфат, кој е предмет на уредување на Урбанистички план за вон населено место за изградба на Б5.1-хотелски комплекс, А4, 1- згради со апартмани и студија, А4.3 викенд куќи на КП483/1, КП483/2, КП485/8КП485/9 , КП485/9, КП485/10, дел од КП485/1,, дел од КП487/1, дел од КП5.408 КО Б’с и КО Кркља, Општина Крива Паланка, зафаќа површина од 1.236 ха. И неговата местоположба е ограничена со КО Б’с и КО Кркља, во делот на локлитетот „Ловечка Куќа“.

Јавната анкета е сеуште отворена и ќе се оддржи до 01.07.2022 година секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот во просториите на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општината Крива Паланка. Анкетни листови можат да се подигнат во архива на Општина Крива Паланка.

Font size
Contrast