PUBLIC CALL
По повод Новогодишните и Божиќните празници и празникот Богојавление – Водици, Општина Крива Паланка ги известува сите правни и физички лица кои се заинтересирани за изнајмување на продажен штанд на претходно утврдени локации и поставени монтажно – демонтажни објекти, поставени од страна на Општина Крива Паланка во центарот на градот (Градски Плоштад), за периодот од 28.11.2024 година, па заклучно со 20.01.2025 година, дека можат да поднесат Барање до Општината за одобрување на некоја од дефинираните локации и тоа од 22.11.2024 година па се до исполнување на локациите.
Сите заинтересирани баратели, потребно е да поднесат Барање до Одделение за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка, по што ќе биде одреден временскиот период на изнајмување на штандот, по претходно платена административна такса за поднесување на барањето, како и утврдена и платена комунална такса за користење на јавни површини и надоместок за закуп на јавен простор/објект. Корисникот на продажен штанд има обврска да ги плати режиските трошоци за електрична енергија за нормално функционирање на објектот, на начин кој ќе биде утврден во договорот за утврдување на условите за изнајмување и користење на продажен штанд, кој ќе биде склучен помеѓу Општината и корисникот. Доколку барањето се поднесува за изнајмување на продажен штанд за храна, во тој случај е потребно да се има во предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува согласно на истиот.
Барателите можат да изнајмат продажен штанд за продажба на:
- Греано вино
- Храна
- Печени костени
- Крофни и палачинки
- Кафе и топли напитоци
- Новогодишни пакетчиња
- Новогодишни честитки
- Сувенири и ракотворби
- Детски играчки
- Фотографија
Поставените монтажно – демонтажни објекти, кои ќе бидат изнајмени од страна на правни и физички лица, ќе имаат можност да бидат со работно време од 10:00 до 22:00 часот, секој ден, во временскиот период од 28.11.2024година до 20.01.2025 година.
Одредувањето на локацијата со продажен штанд ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“.
*Напомена: Строго е зaбрането поставување на производи надвор од изнајмениот објект.
MUNICIPALITY OF CURVE PALACE
Оддление за урбанизам и заштита
и заштита на животната средина