Надлежности на градоначалникот

Член 23

Градоначалникот ги врши своите надлежности во рамките утврдени со Закон и овој Статут.Градоначалникот во рамките на своите надлежности:

1. Ја контролира законитоста на прописите на Советот.
2. Ги објавува прописите на Советот во службено гласило на Општината.
3. Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот.
4. Го обезбедува извршувањето на работите кои што со Закон и се делегирани на општините.
5. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот.
6. Го предлага Годишниот буџет и Годишната сметка на Буџетот на Општината.
7. Го извршува Буџетот на Општината.
8. Избира директори на јавните служби кои ги основа Општината, врз основа на јавен конкурс.
9. Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности, во согласност со Статутот.
10. Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физичкилица, во согласност со Закон.
11. Донесува Правилник за систематизација на работните места на Општинската администрација.
12. Раководи со Општинската администрција.
13. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во Општинската администрација, до колку поинаку не е определено со Закон.
14. Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината во согласност со Законот и Статутот.
15. Врши други работи утврдени со Закон и со овој Статут.

Член 24

Градоначалникот присуствува и учествува во работата на седниците на Советот, а по потреба и на седниците на комисиите на Советот и посебните тела на Општината, без право на одлучување.Градоначалникот може да определи и свои претставници кои присуствуваат и учествуваат во работата на седниците на Советот, неговите комисии и посебните тела на Општината.

Член 25

Градоначалникот по сопствена иницијатива и по барање на Советот, го известува Советот за извршување поодделни работи од негова надлежност.

Член 26

Градоначалникот обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината. Градоначалникот управува со сопственоста на Општината во јавен интерес и како добар домаќин. Градоначалникот е должен, во управувањето со сопственоста на Општината, да презема мерки и да го обезбедува користењето, одржувањето и заштитата на сопственоста на Општината во согласност со Закон.

Член 27

Градоначалникот соработува со градоначалниците на другите општини по прашања од заеднички интерес од надлежност на општините.

Член 28

Градоначалникот со решение определува член на Советот кој ќе го заменува за време на спреченост или отсуство.Решението од став 1 на овој член Градоначалникот го донесува во рок од 30 дена од денот на преземањето на функцијата.Решението од став 1 на овој член се објавува во “Службен гласник на Општина Крива Паланка”.За настапувањето на спреченоста или отсуството, градоначалникот го известува Претседателот на Советот и членот на Советот кој ќе го заменува.

(од Статутот на Општина Крива Паланка)

Големина на фонт
Контраст