Во петок на 10 февруари 2017 година во НУ Центарот за култура во Крива Паланка со почеток во 19 часот ќе се одржи фестивалот ГОЦЕ ФЕСТ. Фестивалот ќе биде посветен на нови родољубиви и патриотски песни со фолклорна мелоритмика и богато историско минато на македонскиот народ. Учество на фестивалот ќе имаат врвни македонски музички имиња од фолк сцената.
За сите посетители на овој настан влезот ќе биде симболични 50 денари.
Покровител на фестивалот ГОЦЕ ФЕСТ е Општина Крива Паланка.