Одбележани 66 години од ослободувањето на Крива Паланка

По повод 66-годишнината од ослободувањето на Крива Паланка, Советот на општината одржа свечена седница, на која присуствуваа бројни гости од земјава како и претставници на Македонскиот национален совет во Р.Србија и претставници од општина Ќустендил, Р.Бугарија.

-Денеска мојот град ги слави слободата, независноста и сувереноста. Највисоките идеали на секој народ, секоја нација. Денеска се потсетуваме на  далечниот 8-ми октомври 1944 година. Kонечно вечниот идеал за слободата на Крива Паланка е остварен, а не можеме ако не го поврземе со 1991 година кога  се изборивме и за самостојноста на нашата држава, со што започна и новиот реформски процес, на кој  се приклучи и нашата општина, трасирајќи го патот кон европските стандарди и достигнувања, истакна градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски, во своето обраќање пред присутните гости.

(Обраќање на Градоначалникот на свечената седница на Совет на Општина Крива Паланка)

Тој истакна дека голем приоритет е и поддршката од европските фондови за прекугранична соработка од каде, како што рече, може да се црпат средства и искуства за развојни и одржливи проекти.

Свој придонес во одбележувањето на овој значаен датум од историјата на Крива Паланка дадоа и најмалите со полагање на цвеќе на спомен плочата на загинатите борци во НОВ.

 

Во рамките на прославата на 8 Октомври, поетот Живко Стојановски ја промовираше својата стихозбирка „Небото на дофат на раката“, а исто така беше отворена и изложба на современиот македонски ликовен уметник Роберт Цветковски.

 

Големина на фонт
Контраст