Градоначалникот на Млава упати честитки по повод 8 Октомври

Градоначалникот на Млава, Славомир Ковалевски, упати честитки до Општината по повод 8 Октомври, Ден на ослободувањето.

Во писмото тој истакнува Во име на градот Млава би сакал да ви го честитам големиот празник – Денот на ослободување на Крива Паланка.

На овој голем ден за Вас би сакал да ја искажам мојата желба за понатамошна соработка и разбирање. Убеден сум дека нашата плодна и блиска соработка ќе води кон успешно остварување на заедничките цели.

Ви испраќам топли поздрави и ги споделувам нашите заеднички чуствата за соработка што се основа за реализирање и постигнување на се она што планираме да го оствариме во иднина.“

 

Млава е  град во северна Полска со околу 30.000 жители, со кој Општина Крива Паланка од неодамна воспостави соработка.

Големина на фонт
Контраст