Од 8 до 11 октомври, во село Станци, општина Крива Паланка, се одржа Републичкиот извиднички ориентационен натпревар (РИОН 2010). Натпреварувачкиот логор беше сместен во основното училиште во село Станци, а домаќин на РИОН 2010 беше Извидничкиот одред ,,Наум Наумовски–Борче“ од Крива Паланка.
На РИОН 2010 земаа учество 80 извидници од следните извиднички одреди од Република Македонија:
1.Извиднички одред ,,Наум Наумовски–Борче“ од Крива Паланка
2. Извиднички одред ,,Скаут“ од Куманово
3.Извиднички одред ,,Димитар Влахов“ од Велес
4. Извидничко поречански одред ,,Јадран“ од Скопје
5. Извидничко поречански одред ,,Галеб“ од Скопје.
6.Извиднички одред ,,Браќа Миладиновци“ од Скопје
7.Извиднички одред ,,Методија Митевски–Брицо“ од Скопје.
На РИОН 2010 во натпреварувачкиот дел земаа учество вкупно 10 екипи.
Пласман во машка конкуренција:
1 место: Извиднички одред ,,Скаут“ од Куманово.
2 место: Извиднички одред ,,Методија Митевски–Брицо“ од Скопје.
3 место: Извидничко поречански одред ,,Јадран“ од Скопје
Пласман во женска конкуренција:
1 место: Извиднички одред Методија Митевски–Брицо“ од Скопје.
3 место : Извидничко поречанскиот одред ,,Јадран“ од Скопје.
Севкупен победник на РИОН 2010 е :
– Извидничкиот одред ,,Методија Митевски–Брицо“ од Скопје.
Извидничкиот одред ,,Наум Наумовски–Борче“ од Крива Паланка како домаќин на РИОН 2010 сака да се заблагодари за сите оние кои допринесоа да нашиот одред се покаже како добар домаќин, а особено им се заблагодаруваме на :
Општина Крива Паланка
Јавно претпријатие ,,Комуналец
Територијална противпожарна единица Крива Паланка
Ученички дом ,,Боро Менков“ Крива Паланка
Македонска радио телевизиј
Локална телевизија ,,Златен канал“ Крива Паланка
Трговско претпријатие ,,Малеш“ Крива Паланка
Медицински центар Крива Паланка
Црвен крс од Крива Паланка
Ве поздравуваме со извидничкиот поздрав
,,З д р а в о“
|
|
|
|
|
|