По повод патронатот на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка, Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски со претставници на општинската администрација на 28 април 2017 година положија свежо цвеќе на бистата пред училиштето со ликот на Ѓорче Петров. Градоначалникот на Директорот, Наставниот кадар и на сите ученици им го честита патронатот и им посака многу успеси во остварувањето на образовниот процес и совладувањето на наставните содржини.