Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски со претставници на општинската адмнинистрација по повод 7-ми Мај, Денот на Македонската полицијај положија свежо цвеќе на споменикот на загинатите македонски бранители Горан Стојановски, Момир Стојановски и Јане Јакимовски. Свежо цвеќе на споменикот положија и роднините на бранителите како и претставници на полициската станица Крива Паланка, Полицискиот синдикат, други видни личности и други органи и институции.
И оваа година во спомен на загинатите бранители Градоначалникот на Општина Крива Паланка го отвори спортскиот турнир во мал фудбал кој традиционално се одржува секоја година.