Во рамки на проектот Моја мала Европа имплементиран од ООУ„Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка финансиран од Еразмус плус на ЕУ согласно планот за активнности учесници од шест држави вклучително и Р.Македонија (Полска, Шпанија, Португалија, Литванија и Бугарија) остварија средба со градоначалникот г. Арсенчо Алексовски. Градоначалникот на присутните им ја претстави општината и разговараа за идните планови и активности во рамки на проектот при што се отвори и дискусија од областа на образованието.