Во Крива Паланка прославен Денот на Европа, 9 Мај

Со мултимедијален хепенинг што се одржа во Центарот за култура во Крива Паланка беше одбележан 9 Мај – Денот на Европа. Годинашната прослава беше во чест на 60- годишнината од Римскиот договор, а настанот го огранизираше ЕУ –инфо точката која функционира при општината.

На настанот присуствуваа претставници на институции, граѓани и гости од Литванија, Шпанија, Португалија, Бугарија и Полска, партнери на основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ во проектот „Моја мала Европа“ финансиран од Еразмус плус програмата на ЕУ.

– Општина Крива Паланка, како член на ЕУ-Инфо-мрежата со ЕУ-инфо-точката, е дел од останатите градови во државата кои со денешните настани организирани по повод Денот на Европа 2017, ја прославуваат европската идеја на локално ниво. Деветти мај е еден од најзначајните датуми на најстариот континент. Овој ден го прославува единството и мирот, а во име на европскиот дух славиме денес и чест ми е што овде се присутни и нашите пријатели од пет европски држави заедно со музика, песна и уметност да го прославиме датумот кој ги обединува различните култури, вредности и придобивки на социјален, образовен, културен и економски план, рече Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.

Во програмата учествуваа ученици од основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ и трите фолклорни друштва „8 Октомври“, „Карпош“ и „Фолклористи“. Покрај музичкиот дел, повеќечасовниот перформанс понуди и ликовни активности во фоајето и изложбениот галериски простор што ги реализираа членовите на ликовното студио при Центарот за култура.

DSC_5959 DSC_6388 DSC_6215 DSC_6082 DSC_6073 DSC_6010 DSC_5959 DSC_5919 DSC_5920 DSC_5922 DSC_5925 DSC_5930

Големина на фонт
Контраст