Во Крива Паланка „Рели Калин Камен 2017“

На 24 Мај традиционално по деветти пат се одржа ревијалната спортска манифестација Рели „Калин Камен“. Од централниот градски плоштад во Крива Паланка тргнаа над 120 возила, џипови, мотоцикли, теренски офф-роад автомобили кои возеа под мотото „Да ги запознаеме убавините на Осоговските Планини“.

Организатор на настанот е Авто-мото клуб „Офф-роад Осогово“, а покровител е локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

– Задоволен сум од одѕивот, имаме претставници од дваесетина авто-мото клубови од повеќе градови од Македонија, како и учесници од Република Бугарија. Посакувам убав ден и добро дружење на сите учесници. Оваа манифестација е одлична можнст за промоција на убавините на нашиот крај, истакна градоначалникот Алексовски на стартот на релито.

Стартот на патеката е плоштадот во Крива Паланка, се минува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, се до манастирот Свети Јоаким Осоговски.

Должината на патеката е 64 километри, од кои 80 отсто е неасфалтиран пат, а највисоката точка до која се вози е Царев Врв (2.085 метри), втор по височина врв на Осоговието.

Рели „Калин Камен“ се одржува на 24 Мај во чест на словенските просветители Св. Кирил и Методиј.

IMAG0078 IMAG0073 IMAG0072

 

 

Големина на фонт
Контраст