Денеска во Агенцијата за млади и спорт, директорот г. Марјан Спасески ги прими единаесетгодишниот Вукашин Јовановиќ кој е член на КК „Шампион“ од Крива Паланка заедно со градоначалникот на општина Крива Паланка г. Арсенчо Алексовски и тренерите Стевче Христовски и Жарко Ангеловски.
Вукашин Јовановиќ е учесник и добитник на сребро од Балканско првенство во карате за деца до 13 години, кое се одржа во Истамбул од 19-21 мај.
Директорот Спасески му го честиташе успехот на Вукашин и му посака уште многу успешни борби во иднина.