Унапредување на соработката со општина Грос Зимерн

На седницата на Совет на Општина Крива Паланка одржана на 27.06.2017 градоначалникот Алексовски се обрати на советниците и на присутните гости од општина Грос Зимерн, Германија.

Во своето обраќање Градоначалникот истакна дека посетата на делегацијата од Грос Зимерн предводена од градоначалник г.Ахим Грим претставува продолжување на соработката помеѓу општините која ќе се унапреди на културен, образовен и спортски план со можност во иднина и економски да соработуваме.

Имено, од 09 до 13 октомври 2015 година, делегација предводена од градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, претседателот на Совет на општина Крива Паланка, г.Борче Стојчевски, претставник од ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, г.Славче Станковски, како и г.Миле Величковски претставник на производителите на храна, на покана на општина Грос Зимерн од Германија остварија студиска посета во рамките на проектот „ Би(о)латерално и смисловно користење на ресурсот храната“.
Покрај студиската посета, градоначалниците на  општините Крива Паланка од Република Македонија, Грос Зимерн од Германија, Ригнано сулл Арно од Италија и Бургберг од Романија потпишаа договор за соработка со цел во иднина овој проект да продолжи во сите општини потписници на договорот, а во насока за проширување на органско земјоделско производство

Обраќање на градоначалникот Алексовски

 

Големина на фонт
Контраст