Посета на збратимениот град Свидник во Р.Словачка

Делегација од Општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Алексовски во периодот 29 јуни до 2 јули 2017 година оствари посета на градот Свидник – Р. Словачка  по повод празнувањето на „Денови на Свидник“. Покрај делегацијата на настанот присуствуваше и КУД 8-ми Октомври Крива Паланка каде нашите играорци повторна ја претставија Крива Паланка во најдобро светло и наидоа на добро гостопримство и голем аплауз за својата изведба.

Во своето обраќање на официјалната церемонија градоначалникот Алексовски се заблагодари за гостопримството, го честита празникот на градот и се заложи за зацврстување на веќе воспоставените одлични односи на соработка меѓу двата града, додека пак на градоначалникот на градот Свидник инж. Јан Холодњак му подари гравура со мотив на мајка Тереза.

Посетата беше искористена и за одржување на неколку состаноци на кои се разгледаа можности за развој на туризмот искористувајќи го искуството од нашите словачки пријатели. За таа цел беа посетени планинскиот венец „Татри“, пештера која се наоѓа во оваа област како и други локалитети.

Градоначалникот Алексовски упати покана за посета на Крива Паланка од страна на делегација за нашите престојни празници.

[embpicasa id=”6439175910680107377″]

Големина на фонт
Контраст