Воспоставена соработка со општина Витина

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски со претставници од општинската администрација,  во просториите на општина Гњилане, оствари работна средба со градоначалниците на косовските општини Гњилане, г-дин Лутфи Хазири и Општина Витина, г-дин Сокол Халили.

На работната средба се дискутираше околу можностите за партнерство и заеднички настап во врска со повикот за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, помеѓу Македонија и Косово, при што средбата финишираше со договор за партнерство помеѓу општините Крива Паланка и Витина и заедничка апликација во делот на инвестиции од областа на туризмот .

[embpicasa id=”6444017765329087489″]

Големина на фонт
Контраст