„ЕДНО ИМЕ, ЕДЕН ГРАД, ЕДЕН КЛУБ ВО СРЦЕ НОСАМ ЈАС“
Овој слоган беше клуч на успехот кој го постигна викендов (13.11.2010 ) женската екипа на КК„Крива Паланка“ со победата над екипата на КК„Бест“ од Гевгелија и тоа на гостински терен, со резултат 58 -70. Eкипата од Крива Паланка, силно мотивирана и самоуверена, надминувајќи го претходниот пораз – тргна кон продолжување на сезоната со победа (многу значајна за пласирање на тимот во друштвото на 4 најдобри во групата) .
Енергични, борбени, оставајќи ги срцата на теренот – кошаркарките не дозволија во ниту еден момент да се доведе во прашање исходот на натпреварот, завршувајќи ги сите 4 периоди во своја корист.Запишувајќи се во листата на стрелци ,сите девојки дадоа значаен допринос во формирањето на конечниот резултат.
Им посакуваме секој следен натпревар да биде уште подобар.
Браво!