Вчера, Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, оствари работна средба со изведувачите на проектот „Реконструкција на основни училишта во Крива Паланка“. Општината ги направи сите потребни подготовки и во најскоро време ќе започне негова имплементација.
Проектот е аплициран во рамките на програмата ИПА- 2007 Проект за развој на локална инфраструктура, за кој се одобрени средства во висина од 535.774 евра и опфаќа:
Во ОУ Јоаким Крчовски (Партизан): замена на столарија, санација на кровна површина, плафони, електрични инсталации, молерофарбарски работи и греење-котлара.
- Во ОУ Јоаким Крчовски: замена на столарија и санација на кровна површина.
- Во ОУ Илинден:санација на подови и кровни површини, замена на столарија и фасадерски работи.
- Во ОУ Илинден во с. Конопница:санација на подови, плафони, кров, замена на столарија, електрична инсталација, молерофарбарски и фасадерски работи и изведбана влезен хол.
Целта на проектот е создавање на услови за квалитетна настава и исполнување на стандардите и нормите пропишани за училиштата.